Top Sport

По Надал Алкараз го победи и Ѓоковиќ

Првиот финалист на мастерс турнирот во Мадрид е Шпанецот Карлос Алкараз, кој вечерва по повеќе од три и пол часа спектакуларна борба во полуфиналето го совлада Новак Ѓоковиќ со 2:1, по сетови 6:7 (5:7), 7:5, 7:6 (7:5)

Тој во финалето ќе се сретне со подобриот од вечерашниот натпревар Александар Зверев – Стефанос Циципас кој ќе започне во 22 часот.

Првата пресметка помеѓу 19-годишниот Алкараз и светскиот првој 1 Ѓоковиќ, беше спектакуларен, веројатно најдобра меч во досегашниот дел од сезоната.

Алкараз го покажа сиот свој талент и потенцијал, Ѓоковиќ дека се враќа во препознатливата форма.

Алкараз направи нешто што e незамисливо на мастерс турнирите. Победи против Новак иако го загуби првиот сет. Историјата вели дека Ѓоковиќ губел само десет пати во вакви ситуации, а ги победил ривалите дури 237 пати.

Ѓоковиќ сервираше како речиси никогаш во кариерата кога е во прашање земјената подлога, но на крајот од решавачкиот сет, 15 години помладиот ривал сепак имаше повеќе здив и повеќе свежина.

На крајот пресудија грешките кои ги направи Ѓоковиќ во тај-брејкот и фантастичната игра на Алкараз.

Scroll to Top