Top Sport

По повлекувањето на Ѓоковиќ, загрижувачки пораз на Мареј

Организаторите Австралија опен има многу грижи – тројца од големата четворка имаат загрижувачки повреди пред стартот на првиот гренд слем. Рафа Надал се повлече од Бризбејн, Новак Ѓоковиќ од Дубаи, а неговата замена Енди Мареј одигра со големи проблеми.

Мареј загуби со 6:2 од Шпанецот Роберто Баутиста Агут во меч од еден сет на Мубадала светскиот шампионат во Дубаи во прв конкурентен меч од Вимблдон во јули 2017 година по повредата на колкот. И покрај шесте месеци одмор и рехабилитација, неговото движење изгледаше отежнато и Баутиста го искористи тоа.

Шкотланѓанецот покажа малку борбен дух во гемот од 12 минути при 1:5, и спаси три меч-топки, но беше далеку од својата најдобра форма.

„Се чувствував подобро како што одеше мечот, но Роберто е еден од најдобрите тенисери на светот и кога не си се натпреварувал толку долго време, потребно ти е да се вратиш во брзина. На крајот беше подобро, но морам да бидам многу, многу подобар“, вели Мареј.

Само Роџер Федерер, кој ќе се натпреварува на Хопман купот во Перт овој викенд, и покрај неговите 36 години нема повреда од „големата четворка“.

Scroll to Top