Холгер Руне е вториот тенисер кој во средата објави дека нема да учествува на Олимписките игри во Париз. Претходно поради воспаление на крајниците настапот го откажа светскиот број 1, Јаник Синер.
Данецот, Холгер Руне, од настапот на Олимписките игри се откажа поради повредата на зглобот на левата рака. Со повредата Руне имаше проблеми и минатата недела на АТП турнирот во Хамбург.
Руне се огласи на социјалните мрежи, со зборовите дека се обидел се за да ја залечи повредата, но не успеал.
Ждрепката за олимпискиот турнир е в четврток во 11 часот.
По повлекувањето на Синер, прв носител ќе биде Новак Ѓоковиќ, а втор Карлос Алкараз.