Top Sport

По страотниот пад останал без нога

Адриен Коста, некогаш еден од најталентираните велосипедисти во светот, доживеал страотна несреќа, по која морала да му биде ампутирана ногата.

Коста има само 20 години, паднал во Калифорнија, веднаш бил хоспитализиран, каде докторите се бореле за неговиот живот. Американецот преживеал, но повредата била многу тешка, поради што морала да му биде ампутирана ногата.

Младиот велосипедист го спасиле кампери и локалниот шериф. Тие го забележале младиот велосипедист како неподвижен лежи на патот и се погрижиле безбедно да стигне до болницата. Како што пренесуваат медиумите да не биле тие Коста веројатно сега би бил мртов.

Медиумите не го објавија причините поради кои се случила несреќата.

Scroll to Top