Top Sport

По суспензијата за Ричардсон, ВАДА размислува да го легализира канабисот

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) ќе ја разгледува можноста да го тргне канабисот од листата на забранети супстанци. Британскиот сервис Би-би-си, пренесе дека ВАДА наредната година ќе направи ревизија, но дека канабисот ќе остане на листата, на забранети супстанци и во 2022 година.

ВАДА ќе ја разгелдува можноста да го легализира канабисот, откако пред само неколку месеци и забрани на американката, Шакари Ричардсон да учествува на Олимписките игри во Токио. Шакари една од најдобрите светски спринтерки, во јуни беше позитивна на канабис.

Одлуката Ричардсон да биде суспендирана ја критикуваа бројни спортисти.

Американкста анти-допинг агенција и Сојузот се правдаа дека не можеле да ги игнорираат прописите и дека морале да ја казната атлетичарката.

Scroll to Top