Top Sport

Почина Жана Лелас една од најдобрите хрватски кошаркарки на сите времиња

Поранешната репрезентативка на Југославија во кошарка, Жана Лелас, трагично почина во Сплит на 52-годишна возраст, под засеа необјаснети околности, пренесуваат хрватските медиуми.

Лелс кариерата ја започнала во Југопластика, на 16-годишна возраст. Беше најмладата во репрезентацијата на Југославија која во 1988 година го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Сеул.

Три години подоцна истиот успех со репрезентацијата го повтори на Европското првенство.

Во кариерата играла во Шибеник, Јежице, Месина, Стразбур, Сарагоса.

Со Хрватска два пати настапила на европските првенства.

Од 2016 година заедно со својот сопруг ја водеше академијата Жана Лелас во Сплит.

Scroll to Top