Лас Вегас беше домаќин на УФЦ 264. Во главната борба, Американецот Дастин Поарије, победи со технички нокаут по завршувањето на првата рунда. Поради повреда на зглобот на левата нога Ирецот Конор Мекгрегор му го предаде мечот.
Поарије, во првата рунда, беше подобар од својот притивник, а во еден момент му зададе неколку опасни удари. До повредата на Мекгрегор дојде по една опсна комбинација на удари која ја зададе Американецот.
Поарије, втор пат во кариерата, во нивното трето соочување, успеа да го победи Мекгрегор. Во јануари, во Абу Даби, борецот од Луизијана победи со технички нокаут.
Американецот сега има скор од 28 победи и шест порази. Тој би требало да го предизвика Бразилецот Чарлс Оливера кој е шампион во категоријата до 70 килограми.