Роџер Федерер имаше лош старт на мечот и го загуби првиот сет од Кеи Нишикори, но на крајот го победи упорниот Јапонецот со 4:6/6:1/6:4/6:4 за да се пласира во полуфиналето, каде што сега го чека Рафа Надал (кој кога Федерер го завршуваше мечот имаше 7:5/6:2 водство против Сем Квереј).
Швајцарецот го започна мечот со загубен брејк и со мала криза во првиот сет, но потоа тој го крена нивото доволно за да ги освои следните три сета со импресивна игра, иако ќе мора да биде постабилен против (потенцијално) Надал во полуфиналето и (потенцијално) Новак Ѓоковиќ во финалето.
Федерер е првиот тенисер кој остварил 100. победа на еден гренд слем, и признава дека не бил свесен дека има рекорд.
„Беше многу тешко! Кеи излезе фуриозно и морав да ја адаптирам играта за да ги надминам проблемите во првиот сет. Потоа, за мене почна ’нормалниот’ меч и се вратив во ритам, по што бев задоволен од мојата игра. Кога победив, и ги слушнав навивачите дека викаат сто, сто, не ми беше јасно и мораа да ми објаснат“, вели Федерер.
Eight-time champion and now a @Wimbledon centurion.
It’s ? for @rogerfederer. pic.twitter.com/zqqs0F3FNR
— ATP Tour (@ATP_Tour) July 10, 2019