Поранешната шампионка на Ју-ес опен, Флавија Пенета, тврди дека годишениот триумф на Ема Радукану, на терените во Њујорк, не е добра за женскиот тенис.
Радукану, до трофејот на последниот гренд слем во сезоната дојде преку квалификациите.
„Не ми се допаѓа тоа. Не постои континуитет. Мислам дека тоа не е добро за женскиот тенис. Кога јас играв немаше шанси, млада девојка, која игра квалификации на крајот да освои гренд слем титула. Радукану тоа го направи оваа година. Тука нешто не во ред“, рекла Пенета.
„Нема повеќе харизма, поради што женсиот тенис тешко се продава“.
Титулата во Њујорк на Радукану и донесе 1.800.000 фунти, спонзорски договор со „Диор“ и 2.000.000 нови следбеници на „Инстаграм“.
На првиот турнир по Ју-ес опен, мастерсот во Индијан Велс, Радукану испадна во второто коло.