Top Sport

Победата на спустот во Квитфил е за Маер, Кристалниот глобус е за Фојц

Матијас Маер е победник на денешниот спуст кој се возеше за Светскиот куп во Квитфил, додека Швајцарецот Беат Фојц го осигура третиот мал Кристален глобус во истата дисциплина.

Австриецот триумфираше со време 1:48.02, додека втората позиција му припадна на норвешкиот скијач, Александер Омонд Килде со заостанување од само 14 стотинки. Трет трката ја заврши Швајцарецот Карло Јанка со заостанување од 37 стотинки.

Откако вчера беше одлучено дека поради ширење на коронавирусот, се откажува завршницата на Светскиот куп во Cortina d’Ampezzo, Фојц кој денеска беше четврти го осигура освојувањето на малиот Кристален глобус во спуст со оглед на тоа што во генералниот пласман има 194 бода пред второпласираниот Томас Дресен од Германија.

Во вкупниот поредок кај скијачите, Килде ја зголеми својата предност, сега има 1.202 бода пред второпласираниот Французин, Алексис Пинтаро со 1.148 бодови. Трет е Норвежанецот Хенрик Кристоферсон со 1.041 бод.

Scroll to Top