Top Sport

Фудбалската пролет им годи на „Романтичарите“, падна и Академија Пандев

Трае пролетното „жнеење“ бодови од страна на Работнички во ПМФЛ. Скопската екипа на мартовскиот дожд дојде до нова пролетна победа, овојпат против струмичка Академија Пандев со 1-0.

Стрелец на единствениот гол вреден три бода беше Виктор Велкоски во 56.минута. Велкоски најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник по една нафрлена топка и донесе водство за својата екипа.

Врнежливото време допринесе на арената „Тодор Проески“ да има позатворена фудбалска престава од двете екипи.

„Пандевци“ со новиот тренер Александар Таневски не успеаја да излезат од негативната низа без лигашка победа која трае повеќе од 4 месеци. Пролетва струмичани имаат освоено само 1 бод.

За разлика од нив, денешниот е трет пролетен триумф за Работнички со што „дебармаалци“ се искачија на осмата позиција на табелата со 25 бода.

Утре на програмата се останатите мечеви од ова коло:
Ренова – Вардар, Борец – Шкендија, Силекс – Македонија ЃП и Струга Трим Лум – Шкупи.

Scroll to Top