Неверојатната сезона на Марсел Хиршер продолжи во Гармиш-Партенкирхен, каде што тој беше незапирлив на патот до велеслаломската победа, негова 55. во кариерата, со која го помина сонародникот Херман Маер и сега само Ингемар Стенмарк со 86 победи е поуспешен во Светскиот куп.
Австриецот во текот на неделата победи на ноќниот слалом во Шладминг, за во Германија да биде речиси две секунди побрз од сонародникот Мануел Фелер. Американецот Тед Лигети го комплетираше подиумот пред Норвежанецот Хенрик Кристоферсен.
Во 15 трки оваа сезона, Хиршер има 10 победи, и само двапати заврши надвор од подиумот, а посебно изненадувачка е неговата доминација во велеслаломот, дисциплина во која има четири победи во четири трки.
Сега за Хиршер следува олимпискиот предизвик, бидејќи досега има само едно сребро во слалом од Сочи пред четири години.
E dopo il fenomeno con la racchetta… Ecco il fenomeno con gli sci! ⛷❄??#Hirscher stravince (con quasi 2″ sul secondo) il gigante di Garmisch, vittoria numero 5⃣5⃣ in Coppa del Mondo pic.twitter.com/OTlE6H9eEw
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) January 28, 2018