Поранешниот светски и олимписки шампион во кревање товар, Наим Сулејманоглу почина на 50 години по операцијата за трансплантација на црниот дроб на 6 октомври, објави турската новинска агенција „Анадолу“.
Сулејманоглу беше роден во Бугарија и го носеше прекарот „Џепниот Херкул“ поради неговите 1.45 сантиметри. Тој беше однесен во болница на 6 октомври откако најде донатор. Операцијата поминала успешно, но подоцна се појавиле и компликации. 50-годишниот Сулејманоглу страдаше од цироза подолго време.
Сулејманоглу на Олимпијадата во Сеул во 1988 година постави светски рекорд со 190 кренати килограми, а од 2000 е член на „Куќата на славните во спортот“.