Еден од најдобрите шпански тенисери на сите времиња Маноло Сантана, почина поладнево на 83-годишна возраст.
Сантана во 1996 година беше светски број 1. Во кариерата успеал да освои четири гренд слем титули. Ролан Гарос го освоил во 1961 и 1964, ју-ес опен во 1965 и Вимблдон во 1966 година.
Сантана во 1968 година освои златен медал на олимписките игри.
ИТФ, во 2020 година за придонес во тенисот му ја додели наградата „Филип Шатрие“.