Поранешниот боксерски шампион Марвин Хаглер почна на 66-годишна возраст. Веста за смртта на „Чудесниот“ Хаглер ја потврди неговата сопруга Кеј Хаглер.
„Жал ми е што морам да соопштам тажна вест. Мојот сакан сопруг, Марви, почина ненадејно во нашиот дом во Њу Хемпшир“, објави таа на Фејсбук.
Марвин Хаглер стана светски првак во средна категорија во 1980 година, а а пет години подоцна ја одбрани титулата во една од најпознатите борби во боксот. Неговиот меч со Томас Херсен во светот на боксот е познат како „Војна“.
12 пати успеал да ја одбрани шампионската титула, без која остана во 1987 година, со контроверзната одлука на судиите во мечот против Реј Шугер Ленард.
Во кариерата забележал 62 победи (52 со нокаут), три порази, две негови борби завршиле без победник.
Член на Куќата на славните станач во 1993 година.