Top Sport

Почина најстарата олимписка шампионка

Во четвртокот почина најстарата олимписка шампионка, гимнастичарката Агнес Келети.

Агнес Келети почина една недела пред 104. роденден.

Келети ја претставуваше Унгарија на Олимписките игри во 1952 година во Хелсинки и 1956 година во Мелбурн. Таа освои вкупно десет олимписки медали, од кои пет златни, три сребрени и две бронзени.

Таа беше унгарска олимпијка со најмногу медали и најстар жив олимписки шампион.

Келети емигрирала во Израел во 1957 година, а во Унгарија се врати во 2015 година.

Агнес Келети е примена во Меѓународната еврејска куќа на славните во 1981 година, а во унгарската спортска куќа на славните во 1991 година.

Таа беше прогласена за „Спортист на нацијата“ во Унгарија во 2004 година, а по неа е именуван астероид. Таа беше прогласена и за лауреат на наградата Израел за 2017 година во областа на спортот.

Scroll to Top