Top Sport

Почина поранешната италијанска скијачка Елена Фанкини

Поранешната италијанска скијачка Елена Фанкини почина на 38.годишна возраст од последици на тумор на мозокот, соопшти Италијанската федерација за зимски спортови.

Последен пат се натпреваруваше во декември 2017 година, една година подоцна доби дозвола да тренира повторно, но никогаш не се врати во форма. Нејзината состојба се влоши во последните неколку месеци.

Најголемиот успех во кариерата, Фанкини го постигна на Светското првенство во 2005 година, кога го освои сребрениот медал во спуст.

Scroll to Top