Најдобриот македонски атлетичар на сите времиња Исмаил Мачев, синоќа почина на 59-годишна возраст во Белград. Мачев беше легенда на македонската и југословенската атлетика, член на славната „бела штафета“ 4X400 метри, заедно со Слободан Бранковиќ, Дејан Јовковиќ и Ненад Ѓуровиќ, која на СП во Токио во 1991 година забележа резултат 3:03.03 минути.
Мачев повеќе од две години се бореше со канцер на белите дробови, успешно мина и операција, но во моментите кога изгледаше дека ќе ја добие најважната битка во животот болеста повторно се врати.
Мачев се уште е државен рекордер на 400 метри, во далечната 1978 година во Љубљана тој оваа делница ја истрчал за 45.83 секунди.
Исмаил Мачев два пати освојувал сребрени медали (1987, 1991) на Медитеранските игри. Учествувал на европски и светски првенства, а како член на штафетата настапил и на Олимписките игри во Сеул во 1988 година.
Со атлетскиот клуб Црвена Звезда бил европски првак во 1989 година. Во овој клуб останал да работи во младите категории по завршувањето на кариерата.