Top Sport

Данските легенди застанаа на страната на Червар

Хрватска, синоќа во драматичен меч беше поразена од Германија (21:22) и остана без шанси за пласман во полу-финалето. По мечот многу „прашина“ крена изјавата на селекторот на оваа репрезентација Лино Червар.

Во последната минута данските судии имаа најблаго кажано дискутабилна одлука да досудат пробивање од Карачиќ, кога веќе тој му ја додаде топката на Штрлек. Левото крило имаше зицер ситуација за во тој момент да го израмни резултатот.

Червар по мечот зборуваше за кражба и дека Данците што го судеа мечот поради грешката треба да завршат в затвор.

Хрватскиот селектор доби одговор од прославените дански ракометари Каспер и Калус Мелер Јакобсен. Тие двајца ја држат страната на Червар.

„Со оглед на она што го гледавме мислам дека судиите завршија добра работа“, рекол легендарниот голман Хвид.

„Германија имаше пет исклучувања во првото полувреме, а Хрватска само две. Невозможно е да бидете судија, а да не згрешите. Можеби треба да се воведат дополнителни мехнанизми“, дополнил Хвид признавајќи дека во клучниот момент судиите донеле погрешна одлука.

„Натпреварот беше ‘тесен’ и една одлука значи многу. Јасни се нивните фрустрации“.

Неговото мислење околу спорната ситуација го дели и Јакобсен.

„Не…Мислам дека тоа не беше фаул. Тешка, но погрешна одлука“, рекол Јакобсен.

Червар ќе биде драстично казнет

Scroll to Top