Третата година по ред во организација на „Виз Ер Скопски маратон“ и Сојуз на спортови на Скопје, како и Атлетска федерација и Атлетскиот клуб Работнички ќе се одржи трката „Skopje Run 10K“. Исто како и лани трката ќе се одржи во октомври. Минатата година имаше над 1.600 учесници.
За сите заинтересирани пријавувањето започна денес, а оние кои пријавата ќе ја поднесат денес и утре ќе можат да се изберат стартен број.
Исто како и претходно, на агендата се две трки, трката на 10 километри и штафетната трка од 2 пати по 5 километри, кои ќе започнат на 6. октомври 2019 во 09.00 часот.
Секој учесник ќе може како дополнителен продукт да купи и „dry fit“ маица со логото на трката, а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели.
„Skopje Run 10K“ веќе втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).
За повеќе информации за Skopje Run 10K посетете ги официјалните канали за комуникација: http://www.skopje.Run и https://www.facebook.com/SkopjeRun.