Првиот човек на Тенискиот сојуз на Австралија Крег Тејли изјавил дека постои можност наредната година да не се одигра Австралија опен. Тој потенцирал дека турнирот доколку се одржи ќе се игра без публика.
„Разговаравме н многу теми, направвме сценарио за секоја од нив и поставивме рокови за донесувањето на тие одлуки. Ние мораме да мислиме и на 670 вработени, медиумските партнери, спонзорите и играчите, сите мора да ја разберат сериозноста на ситуацијата. Најлошото сценарио е Австралија опен да не се одржи во 2021 година, најдобротo сценарио е играчите да го почитуваат карантинот и да се одигра без публика“, рекол Тејли.
Оваа година титулите на Австралија опен ги освоија Новак Ѓоковиќ во машка и Софија Кенин во женска конкуренција.