Германскиот фудбалски напаѓач Лукас Подолски (33) кој од јули 2017 година игра во јапонскиот прволигаш Висел Кобе има нов хоби. Тој се испроба во сумо – борбите, а и головите што ги постигнува во „земјата на изгрејсонцето“ ги прославува во стилот на традиционалниот спорт.
Хакуко Се (34) е повеќекратен шампион во сумо борење, една од спортските легенди на Јапонија, но Подолски не се уплаши од неговиот габарит и тежина од 160 килограми.
На поранешниот германски репрезентативец толку многу му се допаднало сумо – борењето што бескомпромисно се фати во клинч со шампионот.
Погледнете: