Top Sport

Богдан Тањевиќ ќе стане член на Куќата на славните на ФИБА

На ден пред почетокот на Мундобаскетот кој оваа година на 30 август ќе започне во Кина, легендарниот стручњак, Црногорецот Богдан Тањевиќ ќе добие важно индивидуално признание, ќе стане член на Куќата на славните на Светската кошаркарска федерација – ФИБА.

Покрај него, во „класата 2019“ друштво ќе му прават и американскиот кошаркар, Алонзо Морнинг, Аргентинецот, Фабриосио Оберто и Порториканецот, Хозе Пикулин Ортис.

Тањевиќ уште од седумдесетите години на минатиот век е во тренерските води, а во 1979 година екипата на Босна ја однесе на кровот на Европа. Во неговото CV стои и дека во 1999 година го освои Еуробаскетот со селекцијата на Италија, а во 2010 година беше финалист на Светското првенство со селекцијата на Турција.

Искусниот стратег роден е 1947 година, а последниот ангажман во кариерата му беше како селектор на Црна Гора кога ја водеше од 2015 до 2017 година.

Scroll to Top