Top Sport

Погачар е број 1 во светот

Освојувачот на две титули на престижната велосипедска трка „Тур д’Франс“, Тадеј Погачар, годината ќе ја заврши на првото место, на листата на Меѓународната велосипедска федерација (УЦИ).

Погачар, кој ја одбрани титулата на Трката околу Франција, годината ја заврши со 4.628 бодови. Единствен конкурент му беше Белгиецот, Вут Ван Арт, но тој не успеа да го престигне бидејќи на трката Парис-Рубекс го освои седмото место. Белгиецот е второ со 4.507 бодови.

Трет на листата на УЦи е сонародникот на Погачар, Примож Роглич со 3.449 бодови. Во Топ 5 се актуелниот светски првак во друмски велосипедизам, Жулиен Алафипип од Франција и Холанѓанецот Матје ва дер Поел.

Scroll to Top