Актуелниот шампион на велосипедската трка „Тур д`Франс“, Словенецот Тадеј Погачар победи денеска, на 17. етапа на трката и така ја зголеми предноста во генерален пласман.
Возачот на тимот на „Емирати“ етапата од Мире до Сан-Лари-Сулана во должина од 178,4 километри ја помина со време 5 часа, 3 минути и 31 секунда.
?
?? @TamauPogi wins at Saint-Lary-Soulan Col du Portet!
?? @TamauPogi s’impose à Saint-Lary-Soulan Col du Portet !#TDF2021 pic.twitter.com/iwKNYpH64l
— Tour de France™ (@LeTour) July 14, 2021
Втор низ целта мина Данецот, Јонас Вингерор со 3 секунди заостанување, додека трет на денешната етапа беше Еквадорецот, Ричард Карапас со 4 секунди задоцнување.
Погачар по 5-тата етапа сега вкупно има 71 час 26 минути и 27 секунди со предност од 5,39 минути пред Вингерор и 5,43 минуте пред Карапас.
До крајот на „Тур д`Франс“ има уште 4 етапи, а следната се вози утре од Поа до Луз Ардиден во должина од 129,7 километри.