Велосипедистот на Емирати Тадеј Погачар е победник на 107 издание на Тур д’Франс. 22 годишниот Словенец успешно ја заврши последната етапа и на Елисејските полиња беше прогласен за победник.
Во генералниот пласман зад Погачар се пласираа неговиот сонародник Примож Роглич и Ричи Порт.
Погачар стана првиот возач од Словенија кој победил на најпрестижната велосипедска трка во светот.
Покрај жолтата маичка Погачар ја освои и белата маичка која ја добива најдобриот млад возач и точкестата маичка која ја добива најдобриот возач на ридските етапи.
„Ова е неверојатно, навистина е лудо. Не можам да го опишам чувството!“, рекол Тадеј.
„Денес е посебен ден. Доживеав убави моменти со колегите од тимот. Сите ми честитаа навистина сум им благодарен. Претпоставувам дека ова е најдобриот роденденски подарок“.
На последната 21 етапа најбрз беше Сем бенет кој ја освои зелената маичка која му се доделува на велосипедисто кој освоил најмногу бодови во текот на трката.