Top Sport

Погачар: Не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго

Словенечкиот велосипедски ас Тадеј Погачар по четвртиот триумф на Тур Д’ Франс предизвика вистински шок во јавноста со своите изјави за „Лекип“. Иако има само 25 години, тој веќе сериозно размислува да се збогува со спортот.

„Нема да се пензионирам веднаш, но не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго. Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година се мојата голема цел, а по нив сериозно ќе размислувам за пензионирање“, откри Погачар.

Тој се осврна и на историски момент за Словенија – почетокот на Тур Д’ Франс доаѓа во нивната земја во 2029 година. Сепак, Погачар јасно стави до знаење дека тогаш, речиси сигурно, повеќе нема да се натпреварува:

„За мене е неверојатно што Турот ќе започне во Словенија во 2029 година. Ќе бидам таму, тоа е сигурно, дури и да не се натпреварувам“, објасни тој.

Scroll to Top