Top Sport

Походот на гред слем на Ѓоковиќ почнува против квалификант

Новак Ѓоковиќ својот поход на календарски гренд слем на терените на Флешинг Медоуз ќе го отвори против квалификант, по што може да има римеч од финалето на Вимблдон против Матео Беретини во четврт-финалето, а Алекс Зверев би го чекал во полуфиналето на САД опен.

Минатата година Зверев загуби во финалето на САД опен од Австриецот Доминик Тим, кој е повреден и нема да ја брани титулата, додека Ѓоковиќ беше дисквалификуван откако со топче удри една линиска судијка.  Другата половина од ждрепката ја предводи вториот носител, Русинот Данил Медведев, заедно со Стефанос Циципас (трет носител) и Андреј Рубљов (шести носител).

Ѓоковиќ во Њујорк ќе се обиде да стане првиот човек кој ги освоил четирите гренд слема во една година по Род Лејвер во 1969 година, а во исто време со титула ќе стане најдобар во историјата со 21 гренд слем титула, откако се израмни со Рафаел Надал и Роџер Федерер (кои не се на турнирот) со 20 гренд слема на Вимблдон.

Медведев отвара против францускиот ветеран Ришар Гаске и може да го добие Марин Чилиќ, шампионот од 2014 година во третото коло. Циципас, пак, првиот меч го има против Енди Мареј, трикратниот гренд слем шампион.

Scroll to Top