Владимир Кличко можеби ги остави ракавиците, но фотографиите од неговиот одмор на Барбардос покажуваат дека поранешниот украински доминатор во тешката категорија уште е во добра форма.
Кличко реши да не се враќа за реванш со Ентони Џошуа по првиот пораз од него, и се посвети на семејството, на сопргугата, актерката Хајден Панетиер и четиригодишната ќеркичка, Каја Евдокија.
Којзнае дали богат меч против Џошуа или против Американецот Дионтеј Вајлдер би го привлекол 41-годишниот Украинец (64-5) повторно да влезе во рингот? Според фотографиите, добро му е и во пензија.