Top Sport

Пол заработи дупло повеќе пари од Тајсон

Мајк Тајсон (58) по пауза од 19 години имаше професионален меч. „Челичниот Мајк“ загуби на поени, со едногласна одлука на судиите од јутјуберот Џејк Пол (27).

Шоуто се одржа на стадионот AT&T во Арлингтон, Тексас, пред 80.000 навивачи.

Во текот на целиот меч Пол беше подобар, имаше повеќе удари од Тајсон и јасно ја покажа разликата во годините меѓу двајцата боксери. Тајсон дури и добро се држеше во првите две рунди, но од третата рунда беше видливо дека е 30 години постар од противникот.

Иако конечната заработка од натпреварот ќе се знае дури откако Нетфликс ќе ја објав сумата (борбата се прикажуваше на таа платформа), и двајцата борци објавија колку пари треба да добијат.

Пол ќе добие околу 40 милиони долари или двојно повеќе од Тајсон кој би требало да заработи 20 милиони долари.

Според „Форбс“, Тајсон во кариерата заработил околу 430 милиони долари. Најдоходовната борба ја имаше против Ленокс Луис, кога заработи над 103 милиони долари, а според „Форбс“ уште четири пати во кариерата заработил повеќе од 20 милиони долари.

Пол во кариерата се борел 11 пати (сооднос 10-1), а се проценува дека досега има заработено околу 15 милиони долари.

Scroll to Top