Одбојкарите на Полска го освоија бронзениот медал на Европското првенство чија завршница се игра во Париз.
Полјаците во „малото финале“ ја победија Франција со 3:0 (26:24, 25:22, 25:21) и ја освоија својата трета бронза на европските шампионати.
Французите кои посакуваа злато на домашен терен доживеаја дебакл. Очигледно дека не се оправија од поразот во полу-финалето против Србија и речиси и да им пружија отпор на Полјаците.
Полска воедно и го нанесе третиот голем пораз на Франција ова лето. Најпрвин ги победија во борбата за третото место во Светската лига, а потоа и ги надиграа на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио.
Најефикасен кај Полјаците беше Леон со 18 поени, Кунјак освои 14, додека кај Франција се истакна Енгапет со 18 поени.
Утре во големото финале од 17.30 часот ќе играат Србија и Словенија.