Полските ски-скокачи ќе се натпреваруваат во Оберстдорф, на главниот натпревар, прв на традиционалната Новогодишна турнеја.
Сите од полскиот тим, утрово, добиле негативни тестови. Полјаците не се натпреваруваа во вчерашните квалификации, бидејќи Клеменс Муранка доби позитивен тест на Ковид-19.
Оваа одлука најмногу ќе го израдува актуелниот шампион Давид Кубацки и двократниот победник Камил Стох кои се меѓу главните фаворити за вкупна победа.
Бидејќи Полјаците не учествуваа во квалификациите, челниците на Новогодишната турнеја, решија во првата серија да се натпреваруваат 62 скокачи, а потоа во втората рунда ќе одат 30 најдобри.
Натпреварот во Оберстдорф започнува во 16.30 часот.