Top Sport

Полјаците во четири сета преку Србија до полуфинале на ЕП

Полската одбојкарска репрезентација, предводена од српскиот тренер Никола Грбиќ ја совлада Србија со 3:1 (26:28, 25:15, 36:34, 25:17) за пласман во полуфиналето на Европското првенство.

Во меч со многу промени, Србите поведоа со 1:0 во сетови со 28:26, по што Полјаците вратија експресно во вториот сет, за потоа маратонскиот трет сет да го добијат со неверојатни 36:34 по шест сет-топки. Во одлучувачкиот сет, Полјаците, кои натпреварите по групи ги завршија без пораз беа убедливи за полуфинале против Словенија.

Во второто полуфинале ќе играат Франција и подобриот од вечерашниот дуел меѓу Италија и Холандија.

Scroll to Top