Одбојкарските репрезентации на Бразил и Полска ќе се борат за златниот медал на Светското првенство. Утрешното финале ќе биде реприза на мечот за титулата од пред четири години кога Полска победи со 3:1.
Полска имаше негатива против САД но на крајот успеа да слави со 3:2 (25:22, 20:25, 23:25, 25:20, 15:11).
Бранителите на титулата во полу-финалето ги предводеа Курек со 29 и Кубјак со 22 осовоени поени. Кај Американците по 19 поени освоија Сандер и Андерсон.
Претходно, во првото полу-финале Бразил со максимален резултат (25:22, 25:21, 25:22) ја совлада репрезентацијата на Србија.
Даглас освои 11, а Лукас 10 поени за Бразил, додека кај Србите најдобар беше Атанасијевиќ со 16 освоени поени.
Натпреварот за третото место Србија-САД на програмата е од 17 часот, а мечот за титулата Полска-Бразил ќе започне во 20:15 часот.