Британецот Лијам Броди забележа сензационален резултат на тенискиот турнир, на Олимписките игри во Токио. Броди, во второто коло го елиминира седмиот носител Хуберт Хуркач од Полска.
Броди, 143 на АТП листата, победи во три сета со 7:5, 3:6, 6:3. Мечот во кој Броди го елиминираше полу-финалистот на Вимблдон, траеше два часа и 15 минути.
Британецот во наредната рунда ќе игра против Жереми Шарди од Франција.