Томи Фјури, помладиот полубрат на „кралот“ во тешка категорија, Тајсон Фјури, се повлече од мечот со Јутјуб ѕвездата Џејк Пол, и на негово место во рингот ќе влезе Тајрон Вудли.
Фјури и Пол требаше да боксуваат во Темпа, Флорида на 18 декември, но Фјури објави дека се повлекува поради „медицински причини“.
„Не ми се веруваше, веста беше надреална. Се сопна на најголемата исплата во неговиот живот и сега ќе седи дома и ќе плати 60 долари да ме гледа, наместо да добие милиони долари. Сега доаѓа Тајрон и ќе добие дополнителни 500.000 долари ако ме нокаутира. Првпат го надбоксував, сега ќе го казнам“, изјави Пол.
Вудли загуби од Јутјуберот во меч во крузер категорија во август на поени. 24-годишниот Пол сега има 4-0 скор во кратката боксерска кареира, со два меча оваа година – во април го нокаутираше поранешниот Белатор шампион Бен Аскрен, а потоа и НБА ветеранот Нејт Робинсон.