Top Sport

Поп Ацев четврти, Илевски осми во Аргентина

Евгениј Поп Ацев и Александар Илевски учествуваа на ФИНА ултра маратонската трка во Санта Фе, Аргентина, која е дел од Светската маратонска серија.

Патеката на ултра маратонот Санта Фе-Коронда има должина од 57 километри.

Поп Ацев трката ја заврши на четвртото место со време од 7:34:36.78 часа, додека Иливески на крајот бил осми со резултат 7:51:18.88 часа.

Првото место на ултра маратонската трка го освои Аргентинецот Гиљермо Бертола (7:32:18.09 часа), а зад него се пласираа Италијанците Едуардо Сточино и Симоне Ерколи.

Scroll to Top