Top Sport

Поради стара шега за холокаустот отпуштен режисерот на церемонијата на свечено отворање на ОИотвро

Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, му врачил отказ на режисерот на церемонијата на свеченато отворање на Игрите. Режисерот, Кентара Кобајаши, добил отказ поради непримерна шега, во 1998 година, кога градел кариера на комичар.

Пред 23 години, на еден од своите настапи, Кобајаши рекол: „Ајде да си играме холокауст“.

„Свесни сме дека наскоро Игрите ќе бидат отворени и дека многумина се загрижени. Меѓутоа, ние дознавме дека господинот Кобајаши, во еден свој настап исмевал историска трагедија. Ние најдлабоко се извинуваме поради тој инцидент“, рекла претседателката на Организацискиот комитет, Сеико Хашимото.

Олимписките игри во Токио ќе бидат отворени во петок. Свечената церемонија ќе започне во 13 часот по средноевропско време.

Scroll to Top