Top Sport

Пораката на Ѓоковиќ што треба да ја прочитате

Го отпишаа речиси сите откако падна во резултатска и играчка криза. Меѓутоа Новак Ѓоковиќ успеа експресно да се врати во самиот врв на светскиот тенис, откако ги освои последните две гренд слем титули во сезоната, Вимблдон и Ју-Ес Опен и со трофејот во Синсинати го комплетираше „златниот мастерс“.

По победата над Хуан Мартин дел Потро, во финалето на Ју-Ес Опен, Ѓоковиќ објави емотивна порака, во која објаснува зошто за него не постои зборот „неверојатно“.

„Често го употребуваме зборот неВЕРОјатно за да опишене големи успеси. Мене тој збор ми го поништува она што тој успех у го прави да биде толку голем. ВЕРУВАЈТЕ во себе, во своите способности, сила…За мене ВЕРБАТА е дека можам и дека мојот пат го носеше чекор подалеку, дури и во моментите кога најмногу се сомневав и патев. Тој пат, порано или подоцна, секој мора да го мине, спротивставувањето само го одложува напредокот. Многумина дадоа мислење и совет, не можам да кажам дека не ги слушнав, дека тоа не ме збуни…Да…Меѓутоа, ВЕРБАТА ме задржа на вистинскиот пат.

Постојат неколку лекции што можам да ги споделам со вас, лекции што ги научив во изминатите неколку месеци. НеВЕРОјатно не постои. Не постојат граници. Она што ќе го видиш и замислиш во твојата глава, тоа го градиш во животот. Кога на сите предизвици ќе одговориш храбро, со силен карактер и со самодоверба – веќе си победник, без оглед на резултатот. ти ги градиш своите навики, а тие потоа чекор по чекор те водат до твојата цел.

Значи: Прифатете ги неволјите и верувајте во силата на вербата. Може да ве однесе било каде“.

 

View this post on Instagram

 

Before I share with you my deepest thoughts, I wanted to THANK YOU for your love and support during the hard times, and also during these good times. It means the world to me and I know it wasn’t easy to stick around when things were uncertain. So thank you! _ UnBELIEVEable is usually the most common way to explain extraordinary success.. To me, that expression negates the most powerful emotion that one can have – BELIEF. All this time, belief is what pushed me through moments of doubt, pain, uncertainty. I was stuck at some point and overwhelmed by a plethora of information. And the results were not showing. Everybody offered their opinions and advice on what to do and what was happening to me, and I can’t say I didn’t hear any of it. I did. I got confused at times. But there was one thing that kept me up, kept me going: Belief in myself, my abilities, my skills and talent, and my resilience. Belief that I am meant to do this. _ The biggest takeaway from these fantastic past few months is that UNBELIEVABLE doesn’t exist. Limits do not exist. When you see it in your mind, you can achieve it in life. When you show up with your courage, confidence and belief, you are already a winner despite the actual result. Your character prevails and you build your habits and your habits bring you one step closer to your goals. So my friends, embrace adversity and trust in the power of belief.. it can take you anywhere ? Love to all. Idemooo #USOpen

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Scroll to Top