Top Sport

Поранешен боксер почина на натпревар за јадење кроасани

Поранешниот аргентински боксер, Марио Мело, кој имаше мечеви за светска титула, почина на натпреварување за јадење кроасани, откако по третиот кроасан колабираше и потоа почина во болницата.

56-годишниот Мело, кој беше аргентински и јужноамерикански шампион на крајот на 1980-тите и 1990-тите, во 1990 година се бореше со Американецот Мајкл Мурер за ВБА титулата во средно-тешка категорија, но беше нокаутиран во првата рунда.

Според „Марка“, боксерот учествувал на отворено натпреварување за јадење кроасани во Буенос Аирес, но успеал да стигне само до третиот пред да колабира и да биде однесен во болница. Полицијата тврди дека тој имал дијабетес.

Scroll to Top