Top Sport

Ѓоковиќ со потешка група од Федерер на АТП финалето

Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ ги дознаа своите противници на завршниот елитен турнир од тениската сезона, АТП финалето во Лондон, по повлекувањето на Рафаел Надал.

Ѓоковиќ и Федерер се првите носители на турнирот кој почнува во недела, така што нема да се сретнат по натпреварите во групи.

Србинот ја доби на хартија потешката група, со Германецот Александер Зверев, Хрватот Марин Чилиќ и последниот патник на финалето, Американецот Џон Изнер. Чилиќ го победи Ѓоковиќ во финалето на Квинс клаб оваа година и имаше тесен меч со него во четврт-финалето на Мастерсот во Париз минатата недела.

Федерер, пак, ќе се судри со човекот кој го елиминираше од Вимблдон оваа година, Јужноафриканецот Кевин Андерсон, Австриецот Доминик Тим и Јапонецот Кеи Нишикори.

Scroll to Top