Top Sport

Поранешен тренер ја тужи НФЛ и три тимови поради расна дискриминација

Брајан Флорес, поранешниот тренер на НФЛ тимот Мајами Долфинс, ја тужи НФЛ лигата, Долфинс и уште два тима (Њујорк џајантс и Денвер бронкос) поради наводна расна дискриминација околу неговото вработување, посочувајќи дека НФЛ е „менаџирана како плантажа“.

„На одредени критични начини, НФЛ лигата е сегрерирана и водена како плантажа. Нивните 32 газди, од кои сите се белци, профитираат од НФЛ играчите, од кои 70 отсто се Афроамериканци. Газдите ги гледаат мечевите во ВИП ложите на своите луксузни стадиони, додека работната сила го поставува телото на теренот секоја недела, добивајќи страшни удари и повреди, додека НФЛ собира милијарди долари“, се вели во тужбата на Флорес во федералниот суд во Менхетен.

40-годишниот Флорес беше отпуштен од Долфинс минатиот месец иако го предводеше тимот до две „позитивни“ сезони првпат од 2003 година. Тој тврди дека газдата на Долфинс, Стивен Рос сакал да го подмити да загуби мечеви во текот на сезоната 2019, нудејќи му 100.000 долари по пораз за да може да се „намести“ драфтот.

Покрај тоа, тој тврди дека Њујорк џајантс разговарале со него само „формално“ за да се исполни таканареченото „Руни правило“, кое ги приморува тимовите да разговараат со тренери од етничките заедници. Тој исто така имал разгвор и со Бронкос и тврди дека НФЛ легендата и тогашниот генерален менаџер на тимот, Џон Елвеј пристигнал пијан на состанокот.

Scroll to Top