Top Sport

Поранешна израелска атлетичарка вклучена во организирање проституција

Поранешната израелска атлетичарка и рекордерка на Израел во седмобојот, Светлана Гнездилов е обвинета за организирање на трговија со луѓе и организирана проституција.

51-годишната Гнездилов, која е родена во Украина и го претставуваше Израел на три Светски првенства, е обвинета дека организирала мрежа на бордели прикриени како салони за масажа и дека на социјалните мрежи на руски јазик ги наоѓала своите жртви.

Гнездилов и нејзиниот сопруг беа уапсени пред три недели заедно со уште шест осомничени, но денеска се објавија нивните имиња. Нејзиниот адвокат, Орит Хајон инсистира дека се работи за лажно обвинение.

„Зборуваме за салони за масажи. Мојот клиент демантира дека вклучувала некого во проституција. Зборуваме за угледна жена, атлетичар, без криминално досие“, вели Хајон.

Гнездилов е родена во Харкив, но се пресели во Израел во 1996 година со нејзиниот сопруг.

Scroll to Top