Top Sport

Поранешна олимписка шампионка е пронајдена мртва

Поранешната олимписка шампионка во осмерец, Германката Бригите Ахренхолц (65) е пронајдена мртва на Големото езеро во близина на Вердер, во покраината Бранденбург.

Др. Ахренхолц исчезнала на 4 март, а потрагата која траеле повеќе од еден месец заврши со трагичното откритие. Причината за смртта се уште не е позната, а според медиумите нема индикации дека се раоти за насилна смрт.

Ахренхолц е поранешна веслачка која на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година освои златен медал во осмосмерецот на репрезентацијата на тогашна Демократска република Германија (ДДР).

Scroll to Top