Поранешниот НХЛ играч, Павел Дацјук е меѓу луѓето кои се затворени во манастир во Русија, каде што еден свештеник ја оддржува контролата со Козаци како чувари плашејќи се дека поради корона вирусот ќе се „чипира“ популацијата.
41-годишниот поранешен хокеар на Детроит ред вингс, според локалните медиуми, е поддржувач на монахот Сергеј, кој ја презеде контролата на манастирот откако му било забрането да ги оддржува религиозните должности поради тврдењата дека КОВИД-19 е „псевдо-пандемија“. Тој одбива влез на локалните свештеници и монаси, а новинарите тврдат дека се бранат со одред на Козаци.
Дацјук, кој сега игра во неговиот матичен клуб Автомобилист Екатеринбург во КХЛ лигата е еден од најверните поддржувачи на Сергеј.
„Тој ми е духовен татко повеќе од 10 години. Има срце полно љубов и гледа низ мене. Строг е, но многу праведен. Како претходно, сакам да доаѓам во манастирот секоја недела, бидејќи знам дека тој е тука за мене“, изјавил Дацјук.
Дацјук се врати во Русија во 2016 откако помина дури 15 години во Детроит, освојувајќи го Стенли купот во 2002 и 2008, и олимпиското злато со Русија во 2018 година.