Австралија е меѓу првите земји во светот што влезе во новата 2024 година, но прославата ја засени веста дека поранешниот светски шампион во велосипедизам Рохан Денис, во Адеалида е уапсен и обвинет за убиство на својата сопруга.
Медиумите во Австралија објавија дека поранешниот светски шампион е уапсен и дека тој е првоосомничен за убиството на неговата сопруга.
Според извештаите кои доаѓаат од Австралија, Денис по расправија ја прегазил сопругата со автомобил, а таа починала утрово во болница поради тешките повреди кои и биле нанесени.
Лекарите се обиделе да ја спасат сопругата на Денис, но по неколкучасовна борба можеле само да ја констатираат смртта.
Ова злосторство навистина ја потресе Аделаида, но вистинскиот шок дојде дури по потврдата дека токму славниот спортист бил осомничен дека брутално и го одзел животот на својата 32-годишна сопруга Мелиса Хоскинс.
Наводно со својот џип ја прегазил Мелиса пред нивната куќа, а еден од соседите повикал брза помош.
Во центарот на вниманието беше и изјавата на Денис од пред неколку години, кога призна дека има „краток фитил“ и дека брзо ги губи нервите. Тоа беше поврзано со скандалите што ги правеше на трките, но очигледно тоа беше случај и во неговиот приватен живот.
Рохан веќе е обвинет за невнимателно возење кое довело до убиство, а во Австралија се шокирани од начинот на кој ја убил сопругата и многумина веќе бараат доживотна затворска казна за него.