Top Sport

Португалски тенисер прави фудбалско-тениски тим, Надал е во шпицот!

Португалскиот тенисер Жоао Соуса, 51. на АТП листата дава одговор на прашањето кој е најдобар фудбалер меѓу тенисеите. Тој во интервју во татковината открива кого би сакал да види во својот фудбалски тим.

„Мој голман би бил Џон Иснер. Сјаен е. Тогаш би требало да изберам некои брзи играчи, како Фабио Фоњини и Рафаел Надал кој би бил во улога на напаѓач. Играв со него, многу е добар. Томиник Тим е одличен на средината, мислам дека би бил одличен во тандем со Диего Шварцман. За одбрана ми треба некој силен, како Мартон Фучович“ смета Соуса.

Сепак, вели дека во неговиот тим нема место за Федерер и Ѓоковиќ.

„Новак Ѓпковиќ не би бил во мојот тим, исто како и Федерер. Тие се предобри за во овој тим. Би го избрал Пабло Карења Буста и Леонардо Маер кои ми се пријатели“ – вели Португалецот.

Scroll to Top