Top Sport

Енди Руиз -„дебелкото“ ќе боксува против Џошуа за светската титула (фото)

Светскиот првак во тешка категорија, Ентони Џошуа конечно најде предизвикувач откако по допинг скандалот пропадна борбата со Џарел Милер. Симпатичниот „дебелко“ Енди Руиз Јуниор ја доби приликата во животот да го предизвика Џошуа и да се бори за титулата во ИБФ, ВБА и ВБО верзијата.

Овој боксер во професионалната кариера има 32 победи и само еден пораз кој го доживеал во 2016 година. Висок е 188 сантиметри, а пред 10 дена на последниот меч имал 119 килограми.

Во последната борба го победи Димитренко со нокаут во 5 рунда.

Борбата меѓу Џошуа и Енди Руиз е предвидена за 1 јуни годинава во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Scroll to Top