Top Sport

Потпиша договор вреден 340 милиони долари, а потоа падна на допинг тест

Фернандо Татис Јуниор, безбол ѕвезда и играч на Сан Диего Падрес падна на допинг тест и ќе пропушти дури 80 натпревари. Тој е син на поранешната ѕвезда на МЛБ, Фернандо Татис, игра како „шортстопер“ и според многумина е најдобар на таа позиција.

Татис Јуниор неодамна потпиша 14. годишен договор вреден 340 милиони долари.

По рутинска допинг контрола, констатирано е дека користел „Клостебол“, супстанца која се наоѓа на листата на забранети.

„Се испостави дека сум земал одреден лек за да се ослободам од габична инфекција и тој препарат имал Клостебол кој е на списокот на забранети материи. Требаше да користам препарат кој е препорачан и безбеден без недозволени супстанци, но го направив тоа што го направив, рече Татис.

Тоа значи дека Доминиканецот ќе ги пропушти преостанатите 48 натпревари оваа сезона и 32 натпревари во следната, а доколку неговите соиграчи се пласираат во плеј-офот, тој може малку порано да се врати на теренот.

Scroll to Top