Шохеи Отани потпиша еден од најголемите договори во спортската историја.
Отани ќе им се приклучи на Лос Анџелес Доџерс, договори на десетгодишна соработка вредена 700 милиони долари.
За споредба, Леброн Џејмс и Мајкл Џордан заедно заработиле 628 милиони долари во текот на своите кариери во НБА лигата.
Јапонецот е најдобриот бејзбол играч во светот, а во последните пет години играше за ЛА Ејнџелс.
Отани го потпиша најголемиот договор во историјата на американскиот спорт, од претходниот рекорд е „посилен“ за 300 милиони долари.
Договорот на Отани е поголем за 64 отсто во однос на претходниот рекорд вреден 426,5 милиони долари, што ги доби Мајк Троут од Ејнџелс во 2019 година кога потпиша 12-годишен договор.
„Ветувам дека секогаш ќе го правам најдоброто за тимот и дека секогаш ќе продолжам да давам се од себе за да бидам најдобрата верзија од себе. Сакам да одам напред не само за Доџерс туку и за светскиот бејзбол“, напиша Отани на социјалните мрежи.
Отани е роден на 5 јули 1994 година, неговата мајка играла бадминтон, додека татко му работел во локална фабрика за автомобили и бил аматерски бејзбол играч.
Отани важи за најдобар бејзбол играч во светот, во 2021 и 2023 година едногласно беше избран за МВП, а беше втор во 2022 година.